Дионтеј Вајлдер е нокаутер број 1 во историјата на боксот во тешка категорија. Ова го посочуваат ранг-листата, чии изработувачи го земаа предвид процентот на предвремени победи во одржаните борби. Бронзениот бомбардер има 41 нокаут во 44 борба, или 93,2% на предвреме завршени битки.
На второто место е Роки Марчијано со 87,8% (43 КО, 44 борби) и трет е актуелниот шампион во ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа со 87,5% (21 КО, 24 борби).
ТОП 10 нокаутери во тешка категорија:
- Дионтеј Вајлдер: 93,2% (41 КО, 44 натпревари)
- Роки Марчијано 87,8% (43 КО, 49 натпревари)
- Ентони Џошуа 87,5% (21 КО, 24 натпревари)
- Витали Кличко 87,2% (41 КО, 47 натпревари)
- Френк Бруно 84,4% (38 КО, 45 натпревари)
- Џорџ Форман 84% (68 КО, 81 натпревар)
- Чарлс Мартин 80,6% (25 КО, 31 натпревар)
- Шенон Бригс 79,1% (53 КО, 67 натпревари)
- Мајк Тајсон 78,6% (44 КО, 56 натпревари)
- Владимир Кличко 76,8% (53 КО, 69 натпревари)