Шампионот на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер викендов ќе ја брани титулата против Доминик Бризил во Њујорк. Вајлдер на отворениот тренинг шампионот зборуваше за минатата борба со Тајсон Фјури и претстојниот со Доминик.
„Во борбата со Тајсон Фјури научив дека морам да бидам потрпелив. Побрзав, а Фјури требаше да биде перфектен во текот на целата борба. Ми требаа само две секунди. Тоа беше мојот момент и моето време. Бризил ќе биде брутално нокутиран овој викенд. Немам трпение. Задолжителните предизвикувачи се како муви и ти си тој што треба да ги убиеш. Бризил е како мува во моето уво, но викендов таа мува ќе биде завршена. Ќе го победам на невиден начин“.