Дионтеј Вајдлер најави враќање во рингот.
Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија ја откри веста на социјалните мрежи. „Бронзениот бомбардер“ не спомна имиња, но очигледно наскоро ќе почне да преговара за борба. Не недостасуваат расположени за дуел со него. Френсис Нгану е еден од оние кои најмногу сакаат да се борат со Американецот.
Дионтеј е подготвен да боксира со Нгану, нудејќи му и ММА борба. Френсис сака да заработи 30 милиони долари во својата прва борба во бокс, што сигурно ќе биде проблем во преговорите со Вајлдер.
И Енди Руиз е опција за Вајлдер. ВБЦ сакаше двајцата да се борат за да го дадат предизвикувачот за титулата што ја поседува Тајсон Фјури. Не е јасно кого ќе избере Вајлдер за следната борба, но сигурно наскоро ќе стане познато.
„Уживав во семејството и животот и сето тоа, но сега е време да се вратам во рингот“, напиша Вајдлер.
На крајот на 2022 година Вајдлер се врати и го нокаутира Роберт Хелениус. Со оваа победа ја прекина серијата од 2 последователни порази.
View this post on Instagram