Регионланата боксерска лига според оптимистичките прогнози треба да стартува во април, откако во петокот беше потпишан догворот во Белград од боксерските федерации на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија во присуство на претседателот на АИБА Кремлјев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Се уште не дефиниран форматот, ние и уште неколку федерации сме за двостепено натпреварување – сениорско и младиснко, или, во краен случај, комбиниран модел, додека Србија и Хрватска се подготвени за сите варијанти. Факт е дека ние и Црна Гора немаме сениорски екипи, затоа ни одговараат засебни конкуренции или комбиниран модел“, вели претседателот на Боксерската федерација на Македонија Примислав Димовски.
Тој истакнува дека е голема добивката за македонскиот бокс, затоа што нашите боксери во време на пандемија ќе може да боксираат и да стекнуваат искуство. Но и можност за докажување во поголема и посилна конкуренција.
Во периодот што следува ќе се допрецизираат повеќе работи.