Димовски, Илиоски и Најдов успешно го минаа мерењето за утрешниот спектакл во Белград (ФОТО)

Александар Димовски – Димса, Бобан Илиоски и Дарко Најдов успешно го минаа мерењето за утрешниот настап на кик бокс спектаклот во Белград „Роуд ту ОНЕ Србија“.

Димовски ќе настапи на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“ кој е официјална квалификацијаза азиската промоција ОНЕ Чемпионшип. Димовски во полуфиналето на 11 јуни во Белград ќе се сретне со Никола Филиповиќ од Србија.

Покрај Димовски и Филиповиќ на турнирот ќе учествуваат Анто Шириќ од Хрватска и Мирослав Вујовиќ од Црна Гора. Победникот оди на завршниот турнир на осумината, а победникот на целиот турнир потпишува договор со ОНЕ.

Бобан Илиоски во ВАКО Про ќе се бори со Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 84 килограми во К-1.

Дарко Најдов воведните борби ќе ги одмери силите против Тео Алваро.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON