Александар Димовски- Димса на Меѓународниот меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница ќе се сретне со Фатих Јилдиз од Турција во категоријата до 91 килограм во лоу кик.
-Секако, одам на победа, без разлика на кој начин ќе ја остварам, дали со нокаут или на поени. За противникот, скоро, ништо и да не знам, затоа што немам информции за него, истакнува Димовски.
Тој вели дека цела година ќе биде активен и како дел од репрезентацијата да учесвува на сите европски и светски турнири. Настапува за кик бокс клубот „КБК Самурај“ од Битола и е двократен државен првак во тешка категорија над 91кг. Учесник е на ланскио меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ во Битола каде што извојува победа на поени. Минатата година беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Билбао-Шпанија, каде што беше поразен од шампионот на првенството. До сега има 6 победи 1 пораз
Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се одржи на 31 јануари во Виница. Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).
ipon.mk/В.Д.