Ристо Димитров и Амра Фејзула имаа по една победа и пораз на Светското првенство во самбо во Софија – Бугарија, а Александар Петковски беше поразен исто така во осминафиналето, на првиот настап на СП.
Димитров и Петковски настапија во комбат самбо, а Фејзула во спорт.
Димитров првата борба ја доби со целосна доминација, а на патот за четвртфиналето беше сопрен од борецот на Монголија, кој со влез во нозе ја стопи предноста на нашиот репрезентативец и можноста да се пласира меѓу осумте најдобри борци во светот и да се вклучи во борбите за распределба на медалите.
Конкуренцијата беше исклучително силна.
Ipon.mk