Димитар Ѓоргиев кој го единствениот медал за македонската кик бокс репрезентација, бронзениот, на Светското првенство во кик бокс за сениори во Будимпешта, Унгарија, вели дека е задоволен од успехот што го постигна, бидејќи тоа е Светско првенство.
„Задоволен сум, сепак е медал од Светско првенство! Опомените и минус поените беа смешни и непотребни, но и самиот знаев дека по 4-ти пат нема шанси да ми дозволат да земам злато“, вели освојувачот на бронзениот медал Димитар Ѓоргиев.
За неговата понатамошан кариера вели:
„Имам 24 години, ова е за мене почеток на кариера“!
Да потсетиме дека Ѓоргиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето на кик лајт дисциплината беше поразен од Словакот Марек Карлик со 1-2, со што беше оневозможен по четврти пат да се бори за светската титула.
Што планира во идина!?
„Во иднина немам посебни планови. За почеток малку одмор! Сепак, ми беше преголем стрес и пристисок ова првенство, за понатаму се знае, само борби и победи“, каетгоричен е Ѓоргиев.
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Кристоф Каезер (Швајцарија) 2-1
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Алекасндрос Вагијанос (Грција) 3-0
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Марек Карлик (Словачка) 1-2
Ipon.mk/В.Д.