Димитар Георгиев во категоријата до 74 килограми во кик лајт го совлада словенецот Марјан Блохар со 3-0 на Светското првенство во кик бокс за сениори во Белград-Србија.
Димитар има уникатна шанса да направи хет-трик на светскиот трон по титулите од 2011 и 2013 година да ја додаде и оваа.
Да потсетиме дека и Ненад Манојловски (-69 кг) се пласира во финалето во кик лајт, совладувајќи го Шпанецот Рубен Сендин Онига на со поголема разлика на поени. Стефани Тодорова (кик-лајт) беше поразена полуфиналето од Николе Перона од Италија во категоријата до 60 кг со 3-0, така што остана со бронзениот медал.
Манојловски во борбата за златниот медал ќе се сретне со Турчинот Искендер Челеби. Во истата дисциплина, кик-лајт (до 74 кг), Георгиев ќе ја брани титулата против Полјакот Јержи Вроски.
Македонија има обезнедено најмалку два сребрени медала и еден бронзен.
Финалните борби се утре.
ipon.mk/В.Д.