Македонската репрезентација во кикс-бокс до сега освои еден златен и еден сребрен медал на на Балканското првенство за јуниори и сениори во Ниш, Србија. Димитар Георгиев (-79 кг) во лајт кик и Ненад Манојловски освоија златни медали, а Бобан Илиовски (-71 кг) во лоу кик сребрен. Македонија освои два златни, три сребрени и еден бронзен медал.
Бобан Илиовски поради повреда на рамото не беше во можност да се бори за златниот медал. Тој првата борба ја доби со нокаут.
За нашата репрезентација настапија: Ненад Манојловски -69 кг – кик лајт-златен медал, Хадис Рамадани 67 кг – лоу кик-бронзен медал, Милан Кубин -89 кг – кик лајт-сребрен, Енвер Реџеповски -75 кг – лоу кик и Марија Божиновска +70 кг – кик лајт – сребрен.
На Балканското првенство настапија натпреварувачи од седум земји, пренесуваат српските медиуми.
Претседателот на КБФМ, Александра Неделковска, е избрана за претседател на Балканската кик бокс федерација.
БП е контрола на подготвеноста на македонските кик боксери пред Европско кадетско првенство во Шпанија во август и Светското првенство за сениори во октомври во Белград.
ipon.mk/В.Д.