Светскиот првак Димитар Ѓоргиев и Петре Велков се во четвртфиналето на Светското првенство во кик бокс во Будимпешта, Унгарија. Ако ги победат своите противници ќе освојат најмалку бронзени медали.
Димитар Ѓоргиев (-74 кг, кик лајт) во четвртфиналето ќе се сретне со Алекасндрос Вагијанос (Грција), а Петре Велков 9-67 кг, кик лјат) со Олександар Украинец (Украина).
Останатите наши репрезентативци се поразени.
Селекторот Дејан Митровски – Урко вели дека Милан Кубин кој е поразен од Полјакот Пјотор Випчал со 1-2 е оштетен од страна на судиите.
Ненад Манојловски нема да ја брани светската титула што ја освои на СП во Белград 2015 година.
На СП треба да настапи уште Јетмир Емрули (-75 кг, К-1) кој ќе се бори со Бруно Нинчевиќ (Хрватска).
Резултати:
лоу кик
-67 кг Хадис Рамадани – Сабар Јарослав (Украина) 0-3
-75 кг Бобан Илиевски – Немања Пантелиќ (Србија) 1-2
К-1
-67 кг Петре Велков – Бен Вотсон (Велика Британија) 3-0
-67 кг Петре Велков – Олександар Украинец (Украина)
-75 кг Јетмир Емрули – Бруно Нинчевиќ (Хрватска)
-81 кг Енвер Реџеповски – Гај Ќосиќ (Хрватска) 0-3
-86 кг Мики Ивановски – Омад Носрати (Иран) 0-3
кик лајт
-69 кг Ненад Манојловски – Елија Еверил (В.Британија) 0-3
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Кристоф Каезер (Швајцарија) 2-1
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Алекасндрос Вагијанос (Грција)
-89 кг Милан Кубин – Пјотор Випчал (Полска) 1-2
Ipon.mk/В.Д.