Димче Јанковски протестира поради употребата на FYR of Macedonia на домашните натпревари

Dimce Jankovski portret

Основачот на Карате клубот Аеродром од Скопје и членска книшка број 1 во Карате федерацијата на Македонија, Димче Јанковски, испарти писмо до медиумите, во кое протестира поради употребата на кратенката ФИР како префикс на нашето уствано име на домашни натпревари.

Писмото го пренесуваме во целост.
„Господа FYR of Macedonia,
Несфатливо ми е како без никакво чувство и безрезервно го применувате FYR.
Како може да се дозволи во Македонија сами да се евидентираме како FYR-омци.
Додека првите личности на Македонија, во ОН, се декларираат и ставаат до знаење дека ние сме македонци и живееме во Република Македонија, некој во КФМ не прекрстува.

– Имавме прекрасна програма за ждрепка што се користеше за време на г-дин Коста Николовски. Но сега ги нема ни Коста нити ждрепката.
– Програмата која ја користеше КК Аеродром, истот така ги задоволуваше потребите за реализација на Европскиот кадетско детски карте куп, кој настан од десега необјаснети причини до денес, со ултиматум истиот мораше да го смени името.
– Раководството одлучи во сите натпревари кај членките на КФМ, единствено да се користи како официјална, ждрепката во која сме FYR.
– Ги нема Кичевски и Саздовски кои многу пожртвувано и машки се бореа да бидеме РМ и да го носиме името Македонија. За жал по нив, секретеарот на ЕКФ/СКФ, гркот во сите материјали смени и бевме обележани само какоFYR (нити како MKD). За среќе, гркот во политичка борба изгуби и беше сменет, па се воведе ознаката MKD, во спротивно, сеуште нашата делегација по завршувањето на официјалните состаноци ќе пиеше кафе со гркот убедувајќи го дека треба да ја смени ознаката.
– Во сегашната официјална ждрепка и косистеми, ние сме FYR-омци.
– Круна на се, верувале или не, е и воспоставувањето официјален портал за комуникација со клубовите, каде се евидентираме само како FYR of Macedonia.
https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=2267#a_eventhead
Господа, како можете без тронка обѕир да го наметнувате ова погрдно име. Имате ли малку чувство кон земјата во која сте одраснале, во која леб јадете и на крај се надевате на мирни пензионерски денови. Дали имате малку храброст да го прашате членството дали ова го прифаќа или не. Заради сегашната зависност, негледам дека некој се осмелува да проговори, забележи или протестира. Во надеж сум дека ова ќе поттикне полемика на оваа тема.
Се надевам дека ова FYR кое фаќа патина, а богами и прашина, ќе се најде доволна машкост тоа да се отстрани, ако не повеќе барем во наша Македонија да бидеме евидентирани – членови на на Карате федерацијата на Македонија како граѓани на Република Македонија“.

Димче Јанковски, носител на членска книшка број 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON