Дилон Данис: Хабиб и Конор 100 отсто ќе се борат, но овој пат ќе го победиме

Дилон Данис беше еден од учесниците во мешаницата на УФЦ 229 по борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор. Тогаш Нурмагомедов го победи Мек Грегор, а потоа и се сретнаа погледите со Данис кој го провоцираше, а Хабиб ја прескокна оградата на кафезот за да се пресмета со него. Како резултат на тоа, сите учесници добија сериозни казни и парични глоби кои се уште се на сила. Денес „Ел Жефе“ беше гостин кај Ариел хелавни и изјави дека 100 отсто ќе има втора борба, но овој пат се ќе биде поинаку.

„Не мислам дека непријателството меѓу нашиот тим и тимот на Хабиб ќе заврши. Ќе остане засекогаш. 100 проценти ќе видиме втора битка меѓу Конор и Хабиб, но овој пат ќе е различно и ќе победиме. Не му кажав никакви навреди на Хабиб.

Имам многу пријатели муслимани и никогаш нема да ги навредувам. Тврди дека сум му ја навредил религијата, но тоа не е вистина. Ова е многу разочарувачки. Не му кажав ништо, за да предизвикам таква реакција. Никогаш не би почнал мешаница, откако ќе заврши мојата битка во кафезот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON