Реваншот меѓу боксерите Ентони Џошуа и Дилиен Вајт е откажана затоа што се пронајдени неправилности на допинг-тестот на Вајт.
Иако борбата требаше да се одржи на 12 август во Лондон, сепак тоа нема да се случи, а Вајт кажа дека е разочаран и отфрли дека земал недозволени супстанции.
„Невин сум и барам можност да го докажам тоа. Никој не треба пребрзо да носи заклучоци или да ме осуди“, вели Вајт.
Џошуа во декември 2015 година со нокаут го победи Вајт за титулата британски шампион во тешка категорија.