Дилиен Вајт за Фјури: Ќе го завршам

Дилиeн Вајт, кој е официјален предезвикувач за светската титула во тешка категорија на ВБЦ, уште еднаш зборува за можната пресметка со шампионот – Тајсон Фјури. Англискиот боксер го анализираше и мечот на Фјури со Вајлдер.

„Секако дека ќе го завршам (за Фјури). Вајлдер е преценет. Може да погоди, но не може да се бори. Тој е многу атлетски и агилен и има добра брзина, па кога го скратува растојанието погодува брзо. Има тешка рака. Но, не може да боксира и не може да се бори. Сè што прави е непредвидливо, па Фјури успеа да го исфрли од рамнотежа“, изјави Вајт за шпанскиот весник Марка.

Да потсетиме, Тајсон Фјури успешно ја одбрани светската титула во тешка категорија на ВБЦ, нокаутирајќи го во 11. рунда Дионтеј Вајлдер во главниот судир на боречката гала вечер, што се одржа на 9 октомври во Лас Вегас и се уште нема пораз во професионалната боксерска кариера (31 победа (22 со нокаут) и 1 нерешен (против Дионтеј Вајлдер во првиот меч меѓу нив)).

„Двапати го собори Фјури, тешки нокдауни, а Фјури се врати и ги освои рундите. Вајлдер е само изрод по природа. Нема технички способности. Ако го доведам Фјури на подот, ќе го нападнам по главата и телото, по главата и телото“, додаде Вајт.

Дилиен Вајт требаше да се сретне со Швеѓанецот Ото Валин на 30 октомври во О2 арената во Лондон, Англија. Мечот беше во тешка категорија бидејќи Вајт ќе го бранеше појасот на ВБЦ како „привремен шампион“. Таква средба не се одржа, бидејќи Вајт се повлече поради повреда.

Крадецот на трупови последен пат го нокаутира Поветкин во четвртата рунда во реваншот во Гибралтар на 27 март.

Британецот во професионалната боксерска кариера има вкупен биланс од 28 победи (19 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Александар Поветкин).

Во меѓувреме, стана познато дека Светскиот боксерски совет (ВБЦ) засега нема да нареди задолжителна одбрана на светската титула на Тајсон Фјури против Дилиен Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON