Дилиeн Вајт претрпе тежок пораз од Александар Поветкин минатиот викенд во својата татковина. 32-годишниот Британец ја загуби привремената титула во тешка категорија на ВБЦ и се раздели со серија од 11 последователни победи. Вајт го испрати Поветкин на поодт во 4-тата рунда, но во следната рунда искусниот ветеран од Русија му зададе брутален аперкат и го испружи на подот.
Притоа, Дилиен ја загуби шансата да се бори против Тајсон Фјури за неприкосновената титула што долго ја бараше. Еди Херн и Вајт инсистираат на реваншот, кој веројатно ќе биде на крајот на годината, затоа што имаше таква клаузула во договорот. Во втората битка, Вајт е еден милион проценти сигурен во победата.
„Ќе одморам и ќе се вратам во салата. Успеа да ме фати со тој удар. Не гледам ништо што треба да поправам во мојата борба по поразот. Сега ќе знам дека може да ми зададе аперкат во глава или некое кроше. Тоа е само нешто кое ќе поработам. Не жалам за ништо. Беше добра битка, што можам да направам?
Таквите работи се случуваат. Сè уште сум меѓу најдобрите борци во тешка категорија. Сè уште сум свој и не можам да дочекам да се вратам назад. Двајцата разменивме удари, а тој успеа да го постигне вистинскиот. Тоа е добро за него. Верувам на 1 милион проценти дека можам да го победам во втората борба. Ќе си ја завршам работата“, рече Вајт за Скај спорт.
https://www.instagram.com/p/CEFUae4nfRu/?utm_source=ig_embed