Дилиен Вајт тврди дека Александар Поветкин нема коронавирус и се прави болен само за да заштеди време. Тие се сретнаа во август и Вајт беше брутално нокаутиран во петата рунда.
Ова ги смени неговите планови и го чинеше привремената титула во тешка категорија на ВБЦ, како и серијата од 11 последователни победи.
Двете страни се согласија за реванш, кој требаше да се одржи на 21 ноември во Лондон, но Поветкин се повлече поради позитивниот тест на Ковид-19.
„Мислам дека нема коронавирус. Мислам дека само му требаше повеќе време да се подготви, затоа што му направив голема штета во првата битка. По првата борба, тој направи долга пауза. Изгубив со нокаут, но, сепак, веднаш се вратив во салата“, рече Вајт за Скај спорт.
Андреј Рјабински за медиумите изјави дека Поветкин навистина бил со Ковид-19 и дека е подготвен да го докаже тоа со документи. Тој тврди дека Александар се лекува дома и заздравувањето ќе трае некое време.