Дилиeн Вајт му се реваншира на Александар Поветкин со нокаут во четвртата рунда на нивниот меч во Гибралтар. Токму во овој дел Британецот два пати го сруши Русинот кога се сретнаа минатото лето.
Овој пат Саша не успеа да извлече ас од ракавот.
Ветеранот беше тотално обезличен од одмаздољубивиот Вајт, кој погоди многу силно во секоја од четирите рунди, а беше чудо што Поветкин остана на нозе толку долго.
THE BODY SNATCHER 💥 pic.twitter.com/vBu7xjmp9a
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) March 27, 2021
Тој се играше со оган во текот на целиот меч, но неговата тактика на чекање овој пат пропадна. Арогантниот Вајт покажа многу убав бокс и им ги затвори устите на критичарите, кои веќе го отпишуваа од голема борба.
Голема чест направи што веднаш почна да му помага на противникот откако судијата објави крај на мечот. Дилиен се упати кон рускиот агол со стол во раката и побрза да го охрабри својот легендарен противник.
Back In Black 🎸
Back On Track 👑#PovetkinWhyte2 #RumbleOnTheRock pic.twitter.com/BfCFvaaGiY— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) March 27, 2021
Така, „Крадецот на трупови“ си го врати привремениот појас на ВБЦ во тешка категорија и продолжува да си ја чека шансата за светска титула. По неговиот импресивен настап, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури имаат причина да се грижат.
Дилиен Вајт воодушеви гласната поддржувачка, која ја помина дистанцата од Велика Британија за да го поддржи.