Диего Санчез: Конор има лошо влијание врз младите

Ветеранот на УФЦ, Диего Санчез, смета дека ѕвездата Конор Мек Грегор е далеку од најдобар пример за младите денес.

Санчез ќе се врати во ММА на Игл ФЦ 46 против друг поранешен борец на УФЦ, Кевин Ли. Санчез се раздели со скандали со најголемата ММА организација во 2021 година.

Иако е при крај на кариерата, ветеранот останува популарно име во ММА. Неговите ставови се секогаш предизвикувачки, а неговото последно споделено мислење е за Конор Мек Грегор и неговото лошо влијание врз младите.

„Сакам да им помогнам на идните генерации. Сакам да бидам позитивен, мотивирачки и инспиративен и да имам позитивно влијание врз децата. Има луѓе како Конор Мек Грегор кои имаат огромно влијание врз нив. Но, пиењето виски и удирањето постари луѓе не е многу добар пример што треба да им се даде на младите.

Така да правам најдобро што можам. Имено – бесплатни семинари со деца. Доколку сакате да ме поканите каде било во светот, подготвен сум да дојдам и да правам бесплатни семинари за деца. Секаде во секое време. Сакам да одвојам време да работам со следната генерација затоа што им треба. Тие ќе бидат оние кои ќе се грижат за нас со време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО