Диего Лопез и Јаир Родригез на работ на физчка пресметка пред УФЦ 314 (ВИДЕО)

Атмосферата околу претстојниот УФЦ 314 во Мајами дополнително се вжешти откако Диего Лопез и Јаир Родригез за малку физички ќе се пресметаа за време на официјалната прес-конференција. Иако двајцата не се ривали на главната карта, токму меѓу нив изби најтензичниот момент од медиумските настапи пред настанот.

Се започна кога Лопез беше прашан дали би прифатил борба со Родригез на УФЦ 320 во Мексико доколку го победи Александар Волкановски викендов и стане шампион во перо категорија. Реакцијата на Родригез не задоцни – се присети на зборовите од медиумскиот ден во средата, во кои изрази незадоволство од тоа што Лопез го претставува Мексико, иако е роден во Бразил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Лопез веднаш одговори со вербален напад, потсетувајќи го Родригез на неговата актуелна серија од два порази, вклучувајќи го и неговиот претстен судир со поранешниот шампион во Белатор, Патрисио Фреире-Питбул. Ситуацијата ескалирала до тој степен што обезбедувањето било принудено да интервенира за да спречи можна физичка пресметка меѓу двајцата борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON