Џудо светот е во жалост, почина Хитоши Саито

Saito

Џудо семејство е во жалост, бидејќи двократниот олимписки шампион и поранешен тренер на национален тим на Јапонија, Хитоши Саито, почина на 54 години, по битката со ракот. 

Саито, кој освои златни медали на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 и 1988 година во Сеул, беше познат и по ривалство во 1984 година со олимпискиот шампион во апсолутна категорија и долгогодишен колега, Јасухиро Јамашита, кој сега е потпретседател на Јапонската џудо федерација.

Јамашита рече: „Тој беше мојот животен ривал. Тоа е многу жално, да се слушне оваа вест“.

 Саито беше тренер на јапонскиот национален тим-мажи во Атина во 2004 година и на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, а стана и шеф на комитетот на AJJF за подобрување во 2012 година.

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунекаду Такеда рече: „Како натпреварувач и како тренер тој навистина даде се од себе, а очекувавме многу од него, па тоа е жално. Имав впечаток дека е сериозен и совесен човек“.

Олимписки вицешампион од Лондон 2012 година, Хираоки Хираока, истакна: „Сенсеи Саито, навистина го ценам тоа што го направивте за мене. Почивај во мир, Саито сенсеи“. ИЏФ испраќа најдлабоко сочувство до Јапонската џудо федерација, семејството и пријателите на г-дин Саито.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON