Игор Станојоски – Шате ќе дебитира во ММА на 11 февруари во Дизелдорф – Греманија, на Елит ММА чемпионшип 1 против Угор Озгаплан.
Станојоски е неколкукратен државен првак во џудо, а за 2016 година е државен првак и во самбо. Минатата година го донесе и првиот сениорски балкански медал за Македонија за мажи од Балканското првенство во Игало, Црна Гора.
Покрај Станојоски, на Елит ММА чемпионшип 1 ќе настапат уште четворица македонски борци.
Елит ММА чемпионшип 1
Шамил Банукајев – Пепи Велков
Хатеф Моејил – Димитар Ташков
Расул Малсагов – Милош Велевски
Даниел Алберти – Бобан Данов
Игор Станојоски – Угор Озгаплан