Македонските џудисти од Ипон, Работнички и Дрим ја зпочнаа годината со шест медали на Меѓународниот трунир „Патрида опен 2017“ во Солун, Грција.
Сениорите на Работнички Ариф Жарко и Семир Авдиќ во категоријата над 100 килограми го совоија сребрениот и бронзениот медал, а Ахмет Факиќ во пионерска конкуренција златниот.
Ветон Ајдемов од Ипон го освои првото место во кадетска конкуренција во категоријата до 61 килограм со четири победи со ипон, додека Ангел Ангелов (-66 кг) е петопласиран.
Анамарија Стојмиловска од Дрим го освои златниот медал со четири победи од четири средби, а на Стефан Попоски му припадна сребрениот со две победи и еден пораз.
„На турнирот учествуваа над 520 натпреварувачи од Грција, Турција, Србија, Албанија, Кипар, Македонија, Грузија, Азребејџан и други. Ова е прв меѓународен турнир во новата година кој ќе послужи за потстрек на нашите џудисти во новата сезона да остварат поголеми успеси“, истакнаа од Џудо федерацијата на Македонија.
Ipon.mk/В.Д.