Џозеф Паркер: Тајсон Фјури е број 1 во категоријата

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Џозеф Паркер го прогласи Тајсон Фјури за бр.1 во „Кралската категорија“. Новозеландскиот боксер го посети Лас Вегас за да присуствува на тренинг сесијата на неговиот соборец Гвидо Вијанело кој во следниот меч се бори против Касиус Ентони. Средбата ќе биде една од загревачките на борби за дуелот меѓу Тајсон Фјури и Ото Валин во „Т-Мобиле арената“ на 14 септември.

Валин нема пораз досега, но не боксирал со никого блиску до нивото на Фјури. Затоа Британцот е голем фаворит кај букмејкерите. Паркер верува дека Валин би можел да му создаде некои проблеми на Фјури на почетокот, но очекува проверениот тешкаш на крајот да се справи со шведскиот колега и да доминира во мечот.

„Отсекогаш велев а и сега сметам дека Тајсон Фјури е број еден. Не сум го гледал многу Ото. Мислам дека тој се наоѓа на четвртото место на ранг листата, боксира со обратен гард и е без пораз. Фјури за мене е број1. Мислам дека е најдобриот. Мислам дека ќе се претстави во страотно издание, како во неговата последна борба “, рече Паркер за BoxingScene.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON