Уште една голема уста изгрева на небото на професионалниот бокс. Се наоѓа под №11 на ранглистата светските боксерскии професионалци, тоа е 23-годишниот Новозеландец, Џозеф Паркер, кој упати сериозен предизвик до лидерите Тајсон Фјури, Владимир Кличко и Дионтеј Вајлдер.
„Можам да ги победам и тројцата. Се повеќе сум убеден и тоа е резултат на тешките тренинзи. Со добар тренинг можам да се справам со секој ривал“, покажува мускули Паркер пред Newstalk ZB. Тој засега е непоразен на професионалниот ринг, има 17 победи, од кои 15 со нокаут.
https://youtu.be/YfoRlzjMij4