Џозеф Паркер: Ќе бидам полесен и брз на средбата со Џошуа

На 31 март ВБА, ИБФ и ИБО шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа (20-0, 20KO) ќе се сретне со ВБО шампионот Џозеф Паркер (24-0, 18KO).

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, неодамна изјави дека би сакал да има уште една средба – меѓу Џошуа и ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, и тоа што можно побрзо.

Херн проговори за тоа откако Вајлдер беше сериозно повреден на последната средба со Луис Ортиз, изразувајќи загриженост дека некој друг може да го совлада пред Џошуа, ако предолго се одложат работите.

Во неодамнешното интервју Паркер беше запрашан дали има чувство дека Џошуа и неговиот тим веќе гледаат подалеку него:

„Така изгледа, но неверојатно се уверени во своите способности. Веројатно не знаат што сме им подготвиле. Верувам, ако останам фокусиран и во форма, нема да има зошто да се мачам за мислењата од страна“.

И додека Херн многу зборува, Џошуа молчи. Паркер смета дека тоа е така затоа што Џошуа знае што му претстои и дека ќе мора да даде сè од себе.

„Сметам дека едноставно е фокусиран. Се фокусира на она што треба да го прави. Луѓето велат дека веќе ослабнал, па претпоставувам оти максимално се подготвува за нашата средба на 31 март“. И 26-годишниот Паркер, очекува да биде полесен, па дури и подобар за неговиот најголем меч во кариерата.

„Мислам дека и тој работи на тоа да биде полесен. Во последните борби беше малку потежок. Што и да прави, негова работа – сепак, јас ќе бидам лесен и брз. Му подготвив нешто повеќе од она што го покажав на последните две средби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON