Ентони Џошуа не се вознемирува со се враќањето во рингот.
Џошуа е подготвен да ги брани титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО во тешка категорија против Александар Поветкин на 22 септември. Во последниот меч против Џозеф Паркер за прв пат мораше да се бори сите 12 рунди.
„Ќе излезам на рингот и ќе се забавувам – нема да бидам премногу внимателен бидејќи ќе го расипе мојот агресивен стил“.
„Ќе излезам и ќе го победам Поветкин, како што би сакал со којбило друг противник“.
„Како ќе настапам? Ќе гледам да борбам едноставно. Ќе внимавам на гардот и секако ќе си разменуваме удари“.
„Се зависи како како че го почувствувам противникот – можам да се адаптирам и да го сменам стилот според ситуацијата“.
Џошуа вели и дека неговиот настап против Паркер бил под влијание на можноста да се сретне со Дионтеј Вајлдер во следната средба, кој, пак, ќе се бори со Тајсон Фјури.
Меѓутоа, сега, Џошуа ја закажа средбата против Поветкин на 13 април и ќе може со сите силе да се посвети на неа.
„Може да се обидам со лево кроше и тогаш се може да се заврши. Историјата ќе се промени. Тоа самото по себе си носи напнатост“.
„Ги гледав неговите средби со Марко Хук и Дејвид Прајс. Поветкин секој пат се бори различно“.
„Против Владимир Кличко тој навистина сакаше да докаже, но против Кристијан Хамер дефинитивно не се бори на ист начин“.
„Што се однесува до талентот, си имаме работа со златен олимписки медалист и кандидат за светската титула, со пораз од големиот Кличко“.
„Тешката категорија е за луѓе кои можат да удират. Еден удар може да промени сè, а тоа е она што ме загрижува секој пат“.
„Еден погрешен чекор и ти си на дното“.
Поранешниот шампион на ВБА, Поветкин има 24 нокаути од вкупно 34 победи, последен што го ноаутира е Прајс, истата ноќ кога Џошуа се бореше со Паркер.