Поранешениот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, зборуваше за очекувањата пред реваншот со Енди Руиз. Вториот дуел меѓу Руиз и Џошуа ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.
„Ми недостасуваат шампионските појаси. Долго време не ги држев во моите раце. Секако, ќе се поздравам со Рузи пред борбата, но веднаш штом ќе се огласи почетниот гонг, ќе му ја откинам главата“, изјави Џошуа за британските медиуми.
Во јуни 2019 година, 30-годишниот Руиз неочекувано го победи Џошуа и ги однесе титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.