Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, го прогнозираше претстојниот меч меѓу Дионтеј Вајлдер и Крис Ареола.
„Ареола може навистина да претставува тест за силата на Вајлдер. Ќе биде добра борба, бидејќи Ареола има стил кој вклучува силни и опасни удари. Но, мислам дека Вајлдер ќе победи“.
Нивната средба ќе се одржи на 16 јули во САД.