Џошуа: Тајсон би ме претепал, против него ќе се фрлам на подот

Во кратко време од освојувањето на златниот олимписки медал и влезот во професионлаци Ентони Џошуа стана една од најголемите боксерсски ѕвезди во светот.

27-годишниот Британец во април пред 90.000 гледачи на Вембли во еден од најдобрите мечеви во поновата историја го нокаутира Владимир Кличко и на неговата ИБФ титула ги додаде и поајасите на ВБА и  ИБО.

Со 19 нокаути од 19 борби неизбежни се споредбите со легендарниот Мајк Тајсон, најмладиот светски шампион во историјата на тешката категорија.

На дружење со фановите Џошуа беше прашан како би изгледал меч меѓу него и Тајсон во врвот на неговата кариера.

„Мајк Тајсон би ме претепал“, рече Исус, смеејќи се!

„Не шанса да го добијан тој тип. Знаете што се случи против Кличко кога се фрлив во 6 рунда? Само се шегувам, но против Тајсон навистина би се фрлил на подот. Тој беше ѕвер“.

„На Тајсон му ја оддавам сета почит. Иако сега е околу 50 години, се уште се сеќавам на младиот Тајсон како 21-годишник. Беше толку добар и остави толкава трага во боксот“.

Боксерот од Ватфорд се уште го чека датум за следната борба и противникот. Неговиот промотор Еди Хернn вели дека сè е подготвено за реваншот со Украинецот на 11 ноември во Лас Вегас, само се чека за одговорот на Кличко.

Почитувањето меѓу Џошуа и Тајсон е обострано, бидејќи јас сум Железниот Мајк“, изјави Британецот новиот крал во тешка категорија.

https://youtu.be/eeAdkVLGXXc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON