Ентони Џошуа предвидува победа на Тајсон Фјури против Дионтеј Вајлдер. Реваншот и официјално договорен за 22 февруари и е за титулата светски шампион во тешка категорија на ВБЦ. Првата средба во декември 2018 година заврши нерешено.
„Фјури одработи неколку полесни борби за да си ја врати самодовербата“, рече Џошуа и доададе: „Тој ќе влезе во новата година како нов човек. Тајсон сака да стане новиот шампион. Ако Фјури се придржува до својот тактички план во текот на 12-те рунди, тој е способен да го победи Вајлдер. Дионтеј покажа дека против него не треба да ниту една секунда да се опуштате. Доста му е една можност за удар. Фјури е понезгоден боксер од Ортиз. Потешко е да се погоди тешко “.