Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) во американското деби во јуни го доживеа првиот пораз во кариерата и ги загуби појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
Во својата седма одбрана на титулата во тешка категорија загуби со технички нокаут во седмата рунда од Енди Руиз. Мексиканецот целосно го изненади 29-годишниот Британец и го соборуваше четири пати на патот кон победата.
Џошуа не беше задоволен од одлуката на судијата Мајк Грифин да стави крај на борбата.
„Навистина не знаев каде сум, освен што бев во аголот, но ги имав рацете на јажињата и чекав да ми ја вратат гумата во устата. Само видов дека гумата лежи на подот“, изјави за ЈД спортс.
Но, призна дека притисокот да се бори против Дионтеј Вајлдер си го направил своето и дека повеќе размислувал за пресмтеката со шампионот на ВБЦ.
“Не бев целосно фокусиран на Руиз, делумно и заради борбата за неспорен шампион против Дионтеј Вајлдер која требаше да биде следна. Но, сега нè чека голем реванш и ќе тренирам поинаку за Енди. Овој пат ќе бидам подготвен да го разбудам ѕверот во себе“.
“Овој пораз ме научи дека морам да донесувам одлуки за сè во рингот, околу и надвор од него. По оној удар зад увото, паднав на 40 отсто и никогаш така не се чувствував во животот. Работите одеа во надолница, подобро ќе беше да изгубев завршувајќи на грбот отколку вака“.