Џошуа: Паркер нема сила да ја разнесе мојата брада (ВИДЕО)

Во пресрет на борбата на 31 март во Кардиф, Ентони Џошуа и Џозеф Паркер гостуваа во емисјата на Скај спорт „Ракавиците се симнати“ (‘Gloves Are Off’).

Во воведот на мечот за обединување на титулите во тешка категорија страната на борецот од Нов Зеланд цело време ја потенцираше брадата на Џошуа, како негова најголема слабост и нешто што ќе настојува да го искористи.

„Тој вели дека имам стаклена брада, јас сакам да видам дали тој има снага“, изјави Британцот на емисијата што ја водеше поранешниот светски шампион во тешка категорија Џони Нелсон.

„Мислам дека има доволно сила во неговите раце да ја разнесе мојата брада и да ме нокаутира“.

Паркер, од друга страна, верува дека Џошуа го чека шок.

„Верувај ми, имам сила. Сигурен сум дека ќе те нокаутирам“.

Победникот од оваа борба ќе биде на патот за неприкосновен светски шампион во тешка категорија со ВБЦ првакот Дионтеј Вајлдер.

https://youtu.be/s7umnHZN4CM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON