Ентони Џошуа ги разочара новинарите кои се обидоа да го провоцираат, за да каже како ќе го победи Владимир Кличко. Англичанецот искажа почит кон својот иден ривал. Тие ќе се борат на 29 април. Шоуто е на стадионот „Вембли“ во Лондон.
„Не е важно дали ќе не гледаат 90.000 лица или само 9, задачата е само една – победа. Ќе се борам 12 рунди и немам намера никого го потценам. Ако се случи нокаут, тогаш ќе биде добро, но нема да трчам и да објаснувам како ќе го нокаутирам Кличко за две рунди. Сега е совршено време да направам исчекор кон врвот, доаѓам и ја заложувам мојата титула во еден меч против легендата“, вели Џошуа.
Сепак, утре се очекуваат искри меѓу двајцата противници. За тогаш е закажана првата официјална прес-конференција, а британските новинари најверојатно ќе се обидат да го провоцираат Кличко во врска со неговата возраст и слабата претстава во последниот меч со Тајсон Фјури.