Ентони Џошуа има целосна амнезија за катастрофалната трета рунда на мечот со Енди Руиз, во моментите кога беше силно погоден и двапати се најде во нокдаун.
Ова го изјави менаџерот на англискиот боксер, Еди Херн.
„Тој не се сеќава на ништо од третата рунда, дури е и изненаден што успеа да стигне до четвртата“.
Херн рече и дека завршувањето на 7-мата рунда било точно на време.
„Тоа беше 100 отсто точно прекинување, а мило ми е што судијата го прекина, бидејќи Ентони така можеше да продолжи цела ноќ“.
Во моментов се очекува датум и место за реваншот. Опциите се Мексико, како што сака шампионот, или Англија – како што инсистира Херн.
Сепак, денес стана јасно дека Џошуа е подготвен повторно да се бори во Њујорк за да ги изглади работите