Во почетокот на овој месец во Саудиска Арабија, Ентони Џошуа ги освои титулите во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, победувајќи го во реваншот со едногласна одлука Енди Руиз.
Џошуа има две задолжителни одбрани на титулите – две од организациите официјално му наредија да ги брани .
Задолжителен предизвикувач на ВБО е Александар Усик, додека на ИБФ е Кубрат Пулев.
Во моментов, Пулев има предност и може прв да добие борба со Џошуа, но Усик и неговите менаџери исто така вршат притисок да го натераат Џошуа во рингот.
Џошуа не сака да ослободи ниту еден од појасите – но би можело принудно да му биде одземен или на ВБО или на ИБФ, ако никој од задолжителните предизвикувачи не е подготвен да се повлече. Повлекувањето не е дозволено според правилата на ИБФ, па затоа е логично Усик да биде тој што ќе се повлече.
„Не сакам да ослободам некоја од титулите, затоа што многу е тешко да ги соберат сите појаси, навистина е тешко да ги држите толку години“, изјави Џошуа за Скај спорт.
“Така, ако треба да ги ослободам заради политиката во боксот, тоа би било многу непријатно, но има работи што се над мојата контрола. Ако изгубам некоја од титулите, знам дека ќе можам да ја вратам”.
„Времето поминува толку брзо што лесно заборавам некои работи. Затоа, со нестрплени ја чекам новата година и повеќе предизвици, поголема конкуренција и се надевам уште позапаметени години. Ова е визијата за 2020 година. Кој ќе ми се спротивстави во рингот, ќе биде соборен. Едноставно сум фокусиран и секој што ќе посака, ќе си го добие“.