Љубителите на боксот се надеваат дека приказните за водечките тешкаши ќе завршат со нивните песметки во рингот.
Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури својот дел по втор пат ќе го одработат на 22 февруари во реваншот за ВБЦ појасот во Вегас.
Во следните година – две се посакуваат нивни борби со Ентони Џошуа.
Засега сè останува на прикаски, проценки и теории.
Џошуа вели дека за борбата со Вајлдер нема би имал ист пристап како за реваншот со Енди Руиз кого го надбоксира по 12 рунди. Британцот забележа дека и Луис Ортиз го имаше истиот план кој во реваншот убедливо го добиваше Вајлдер на бодови сè додека не почна да успорува и Американецот го нокаутира со еден удар во седмата рунда.
„Тој нема да биде во рингот дотогаш за да може тоа да го направи во седмата рунда. Ќе го нокаутирам дотогаш. Тоа борба на тешкаш против тешкаш, шампион против шампион“, изјави ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот за Скај спорт.
„Тоа е сериозна борба. Не да влезам во неа за да се обидам да се надбоксувам со него во 12 рунди. Тоа е поради моќта на неговиот удар. Морам да влезам во рингот и да го завршам. Не можам да му дозволам да се чувствува комотно во рингот со мене. Не се плашам од неговиот удар, но знам дека е тука“.
„Има некои удари… Некои предизвикуваат потрес на мозокот. Некои се како убоди, а некои ве нокаутираат. Вајлдер поседува таква сила. Целта е да се елиминира таа моќ, да се проучи како да се справиме со неа“.
Џошуа во следниот меч би требало да се бори со задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев.