Носителот на шампионските титули на ИБФ, ВБО и ВБА, Ентони Џошуа излезе со коментир за новиот негов нареден противник Кубрат Пулев за појасот на ИБФ.
„Мечот со Пулев ќе биде добар. Видете колку беше агресивен против Кличко, не размислуваше за бавна борба, даде сè од себе од самиот почеток. Можеби навивачите нема да пособено да се возбудат од дуелот, но треба да премине преку него, за да дојдеме до поубави нешта“, рече Џошуа.
Најверојатно средбата меѓу Џошуа и Пулев ќе биде во октомври или ноември, а преговорите меѓу промоторите почнаа. Зделката ќе биде поволна за Пулев, бидејќи го има статусот на официјален кандидат и ќе добие поголема сума од мечот, за разлика од порано доколку прифатеше една од трите понуди на агентите на Џошуа кон крајот на минатата година.