Светскиот шампион во тешка категорија ИБФ и ВБА, Ентони Џошуа, смета дека најинтересен од потенцијалните ривали му е носителот на појасот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Дионтеј Вајлдер.
На Инстаграм објави видео на кое се гледа како Џошуа му вели на раперот 50 Сент во телефонски разговор дека ќе го „пречука“ Вајлдер. „Доаѓаме наскоро“, се закани Британецот, кој на 28 октомври се очекува да ја одржи задолжителна одбрана на титулата на ИБФ против Кубрат Пулев на стадионот Милениум во Кардиф, Велс.