Ентони Џошуа мораше да помине преку првиот нокдаун во кариерата пред да го победи Владимир Кличко на Вембли.
Во шестата рунда Владимир го собори Џошуа со силен удар со десната рака, но 41-годишниот Украинец не успеа да го доврши противникот, и покрај тоа што Џошуа беше видливо изморен и здрман.
Се заврши во 11-рунда кога Џошуа си обезбеди победа со технички нокаут и ја продолжи победничката серија во рингот.
По дуелот ЕЏ призна дека му било тешко да се соземе по кризниот момент во шестата рунда, но посочи дека бил сигурен дека ќе преживее.
„Му реков на својот тренер, дека ќе си зема одмор една рунда, ќе земам воздух и почнувам одново. Се обидов да го откажам. Кога ќе повредам некого, знам дека веќе е мој“.
„Бара многу енергија да удриш некого и да го повредиш. Се троши многу енергија, поради што се обидов да се опоравам, за да можам повторно да настапам во подоцнежните рунди. Тоа беше планот“.
„Дефинитивно бев уморен, но знаев дека можам да заздравам и да почнам одново. Ако те соборат осум пати, правиш девети обид. Така е во животот“.