Џошуа: Мавтаме со моркови за да загриза Кличко

Владимир Кличко најави дека во јуни ќе ја објави одлуката за реваншот со Ентони Џошуа.

Украинецот се уште јавно не го објави својот следен потег, а шампион во тешка категорија во ИБФ, ИБО и ВБА се надева дека втората борба би можела да се одржи во Лас Вегас, кој го замени Кардиф како најизгледно местото за мечот.

Џошуа во април пред 90.000 гледачи во спектакуларен меч на Вембли го победи Кличко со технички нокаут во 11 рунди.

27-годишниот Англичанец вели дека Кличко треба уште малку да го убедуваат за да го прифати реваншот. Иако Џошуа нема што да докажува во таа борба, тоа е средба која и на двајцата во моментот ќе и донесе најмногу пари.

ИБФ му даде дозвола на Џошуа за реваншот пред борбата со задолжителниот предизвикувач Кубрат Пулев, но, исто така, го одреди крајниот рок до декември 2 за договор околу мечот.

„Со последната борба ги зголемивме очекувањата. Имам две опции. Едната е реванш со Кличко. Чекаме и мавтаме со неколку моркови за да загриза и повторно да го потпали интересот. Човекот во кариерата постигна големи работи и потребно му е  многу за да се мотивира и повторно да биде заинтересиран“.

„Кога имате појас и задолжителни предизвикувачи, а еден од нив е Кубрат Пулев, многу талентирани бугарската борец. Тоа е втората опција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON