Боб Сап во Франција повторно влегува во ринг

Боб Сап ќе се врати во рингот во кик бокс меч во Франција.

На петтото издание на Сент Тропе Фајт најт на 4 август и ќе се бори против домашниот борец Тони Грегори.

39-годишниот Французин има големо искуство и во боксот и во кикбоксот. Во боксот има победа над Карлос Такам, а во кик бокс славеше против Даниел Гите, Ерол Цимерман, Јорген Крут, Патрис Квартерониroni, Петар Мајсторовиќ, Витали Ахраменко, Алексеј Игнашов, Франс Бота и Игор Михаљевиќ. Во 2012 на Глори во Брисел загуби со технички нокаут од Игор Јурковиќ.

43-годишниот Сап последен кик бокс меч имаше на новогодишната ноќ во 2015 година, кога на Ризин со техничка одлука во реваншот по шутбоксинг правилата го порази Акебоно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО