Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа (18 – 0, 18 КО), призна дека Владимир Кличко (64 – 4, 53 КО) е прилично здодевен во рингот. тие ќе се сретнат на 29 април на „Вембли“ на мегаспектаклот за шампионскиот појас.
„Многу добро го познавам Кличко. Знам како се бори. Искрено да признаам тој не е возбудлив, дури е здодевен. Првите неколку рунди се бори многу внимателно, а тоа не е спектакуларно. Дури во четвртата рунда избувнува и може да те спушти со секој удар. Сепак, се надевам дека ќе успеам да го налутам уште на почетокот и да престане да мисли само за одбрана во првите рунди“, вели Џошуа за Скај спортс.
„Сакам да се прилагодам на борбата на противникот, но тоа не значи дека и јас не можам да диктирам темпо. Претпоставувам дека во почетокот Кличко ќе се повлекува и ќе ме демне“, додаде Британецот.
https://youtu.be/kOn3VpEkmOg