Ентони Џошуа вели дека по победата над Владимир Кличко подготвен е еден по еден да ги мавне ривалите во тешка категорија.
27-годишниот Британец му понуди реванш на Украинцот и следниот чекор ќе зависи од неговиот одговор.
Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, додаде дека шампионот на ИБФ, ИБО и ВБА сега ќе се бори само двапати годишно. Тој додаде дека Тајсон Фјури, кој го предизвика ЕЏ по нокаут пред 90.000 луѓе не е во поблиските планови.
„Ако тоа е во прилог на мојата кариер со задоволство ќе се борам против Тајсон Фјури или којбило друг“, пишува Џошуа во колумна за Ивнонг Сатндард објавена во вторникот.
„Фјури го помина целиот пат. Тој е обичен тип кој постигна големи нешта. Се врати на тренинзите и се враќа во форма и тоа е добро за боксот. Се надевам дека ќе се врати во својата најдобра форма. Навивачите сакаат борба со Фјури, како и јас“.
28-годишниот Фјури тврди дека може да го победи Џошуа „со една рака врзана на грбот“.. „Џипси Кинг, откако му беше одзмен ИБФ појасот, ги ослободи другите за да се излечи од депресија.
„Чувствувам дека веќе одиме во насока на таа борба. Сакам да се забавувам и ако ова е борба која повторно на спортот ќе врати забавата тогаш би сакал да бидам вклучен“.
„Ако треба да поминам и низ се во категоријата, одлично. Не слушам: Го сакаме Фјури против Вајлдер или Вајлдер против Паркер, секогаш слушаме го сакам ЕЏ против Вајлдер, Фјури и Паркер“.
„Ако треба да поминам низ целата категорија за да го задржам интересот за неа, тоа и ќе го направам. Ќе ги мавнам еден по еден“.