Џошуа: Канело е најдобар. Канело е мој човек.

Ентони Џошуа го откри името на неговиот омилен боксер.

И професионалците имаат борци кои преферираат, чиј стил го сакаат и за кои навиваат, а така е и шампион во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ИБО.

Олимписки победник од Лондон е голем обожавател на Канело Алварез.

Џошуа беше импресиониран од изведбата на Мексиканецот против Генади Головкин.

Борбата заврши со нерешено со поделена одлука на судиите, и се дискутира за реваншот на 5 мај следната година.

Англичанецот смета дека Алварез успеал да го неутрализира Гловкин со притисок кој ги крши противниците.

„Канело е најдобар. Канело е мојот човек“, изјави за Ток спорт.

„Головкин има експлозивни раце, снага во двете раце. Се потргнуваше од патот, примаше удари на ракавиците. Обично таквите удари и имаат исклучително влијание врз противниците, но Канело пронајде начин да го разоружа“.

Алварез единствениот пораз во кариерата го претрпе во 2013 година од Флојд Мејведер. AЏ верува дека оттогаш постигнал значителен напредок и дека со секој тренинг камп станува се подобар.

„На подготовките, на секој тренинг камп додаде нешто ново. Во сите спортови некои спортисти заглавуваат во рутината и луѓето околу нив не додаваат нови работи, ниту на новата структура на тренинг кампот“.

„Канело го додаде движењето со главата, амортизирање на ударите, ескиважи. Сето тоа го видов кога се бореше со Хан, а потоа и против Головкин. Навистина се подобри од борбата со Мејведер. Тој е феноменален“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON