Ентони Џошуа (22-1) и Енди Руиз (33-1) за прв пат се соочија лице в лице по нивниот меч на 1 јуни. Денес во Саудиска Арабија ја направија првата од вкупно три прес-конференции за промовирање на нивната борба на 7 декември во арапската држава. Тогаш 29-годишниот Британец ќе бара задолжителна победа во обид да ги врати трите светски титули што изненадувачки ги загуби летово од Руиз Јуниор.
„Останува гладот, не сакам само 15 минути слава“, рече светскиот шампион Руиз. „Мојата цел е да бидам шампион со години. Да, тој е погладен, затоа што сака да си ги врати појасите, но тоа само уште повеќе ме мотивира. Имав на располагање само еден месец пред првиот меч, но сега ќе имам цел камп. Многу луѓе мислат дека не работам напорно, но тоа не е така“, заклучи мексиканско-американскиот боксер.
„Се сретнав со добар противник во мојот последен меч“, изјави британецот со потекло од Нигерија и додаде:„Јас бев шампион до 1 јуни, исто како што ќе биде и со Енди до 7 декември, кога ќе ги заложи титулите. Двајцата одиме во војна, така што нека победи подобриот“, беше лаконскиот коментар на поранешниот шампион.