Шампионот ИБФ, ИБО, ВБА, ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа и задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев, треба да постигнат договор најдоцна до 31 јануари.
Покрај ИБФ, Џошуа има одговорност и спрема ВБО за одбрана на титулата против Александар Усик.
Како и да е, Пулев се чини дека е фаворит при изборот на Британците.
„Само што дознав дека камповите на Пулев и Џошуа испратија барање за да им се даде време до 31 јануари да постигнат договор“, изјави портпаролот на ИБФ за Скај спорт.
Пулев е управуван од Топ Ранк, Боб Арум, кој има ексклузивен договор со ЕСПН. Џошуа од Еди Харн и се бори во ДАЗН.
Ако Џошуа успее да се договори со Пулев, Херн ќе се обиде да договори меч за Усик против некој како Дерик Чисора или Џозеф Паркер.
„Ние сме во контакт со сите страни и планираме да донесеме одлука во наредните неколку недели“, рече Херн.
Пулев веќе имаше закажан меч со Џошуа во октомври 2017 година, но се повлече поради потрес на мозокот. Тој ја задржа својата позиција како задолжителен предизвикувач по победата над Хјуи Фјури.