Џошуа: И јас сакам да се борам со лесни противници

Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) чувствува дека јавноста има поголеми очекувања од него отколку од Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Пред губење на светски титули од Енди Руиз Џошуа беше и критикуван заради изборот на противникот, иако во претходните 23 професионални борби веќе победи четворица светски шампиони (Мартин, Кличко, Паркер, Поветкин).

Тоа чувство беше видливо во коментарите на Инстаграм за борбата на Тајсон Фјури и Том Шварц.

„Мислење за победата на Фјури? Го направи она што мораше да го направи. Можам да зборувам глупости, но го направи она што беше потребно, добро за него. И јас повторно сакам да се борам со лесни противници. Шварц беше рангиран на 56-тото место. Мислам, зошто сето ова го правам сам. Разбирате што сакам да кажам“.

Реваншот Фјури и Вајлдер се очекува на почетокот од следната година. Британецот пред тоа ќе боксира во септември или октомври, а Вајлдер во септември го чека реванш со Луис Ортиз.

Американецот во последната одбрана на ВБЦ титулата во тешка категорија во средината на мај во првата рунда го нокаутира Доминик Бризил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON