Ентони Џошуа дебитираше во Америка со пораз,откако во Медисон сквер гарден беше поразен со ТКО со Енди Руиз Јуниор, со што ги загуби светските титули.
Мексиканскиот боксер направи една од најголемите сензации во историјата на боксот, добивајќи ја возбудливата пресметка со моќниот Британец кој влезе во оваа битка како недопирлив и без ниту еден пораз во кариерата. Џошуа прв зададе удар и го кутна Руиз во третата рунда, но во продолжение дури четирипати се најде на подот, пред судијата и конечно да одлучи да ја прекине борбата во седмата рунда.
Ентони првично се противеше на ваквата одлука, но потоа спортски и елгенантно го поднесе поразот, а подоцна покажа и огромна класа со потегот на социјалните мрежи.
„Ова е големо разочарување, не го очекував ова. Енди одлично удира, одличен борец. Беше подобар. Верувајте ми дека сум имал многу поголеми разочарувања во животот. Сум се враќал од поголеми срања, сум имал големи загуби и порази и секогаш сум се враќал“, порача Џошуа кој потоа џентлменски му честиташе на мексиканскиот „Уништувач“ на социјалните мрежи.
„Ова е ноќ на Енди. Честитки шампионе….“