Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ и носител на супер шампионската титула на ВБА, Ентони Џошуа, го стпласна ентузијазмот на навивачите за скорешен евентуален меч против поранешниот шампион Тајсон Фјуи.
Фјури од неодамна почна да тренира, но се уште тежи околу 150 килограми и не е во нормална професионална форма, а и е неактивен од ноември 2015 година, кога го симна од тронот Владимир Кличко. Оттогаш Фјури го загуби појасот на ИБФ и не се јави на реванш мечот против големиот Украинец, бидејќи беше позитивен на допинг тестот, при што ја изгуби и професионалната лиценца. Таа се уште не му е вратена од Британскиот боксерски борд, иако се очекува тоа да се случи во скоро време. Самиот Фјури постојано го предизвикува Џошуа на дуел, но не е реален дури до 2019 година, ако прво Фјури не забележи една-две рејтинг победи.
https://twitter.com/BoxingKingdomI4/status/949625410685370368?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D702444
„Мечот со Фјури во моментов е во сферата на научната фантастика, бидејќи не е во форма и одамна немал дуел. Ако беше во добра форма, тогаш можеше да зборуваме за средба уште во март, не сум јас причината тоа да не се случи. Топката е во полето на Фјури, јас сум подготвен да застанам против секого“, рече Џошуа за Дејли меил.
На него му претстои дуел против шампионот на Светската боксерска организација (ВБО) Џозеф Паркер на 31 март во Кардиф, а потоа целта е битка и против другиот носител на појас во категоријата – Дионтеј Вајлдер – кој е шампион на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).
New Years Resolution… Family time is the main priority 🖤 pic.twitter.com/NiEuwPG5jL
— Anthony Joshua (@anthonyjoshua) January 1, 2018
Целта на Џошуа е до крајот на 2018 година да стане првиот носител на сите четири титули во тешка категорија од Ленокс Луис па наваму, кој во 2000 година ги носеше појасите на ВБЦ, ИБФ и ВБА.